Вучиќ: Ако биде изгласана резолуцијата за Сребреница, ќе бараме непостојано место во Советот за безбедност на ОН

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека доколку резолуцијата за Сребреница биде изгласана во Обединетите нации (ОН), а Србија до последен момент се обидува да го спречи тоа да се случи, Србија ќе се кандидира за непостојана членка на Советот за безбедност на ОН.„Две земји на НАТО од Источна Европа аплицираа за непостојана членка на Советот за безбедност на ОН. Доколку се усвои резолуцијата, истиот ден ќе се кандидираме за непостојано членство во 2025 година“, изјави тој за новинарите на свеченоста по повод Денот на одредот на воената полиција за специјални намени „Кобра“.Тој додаде дека Србија убедливо ќе ги порази двете земји од НАТО кои досега аплицирале.„И сега ќе ги победиме во се, бидејќи ни е јасно дека нема разговори, компромиси и договори за ова прашање. Во сите тела и организации на Обединетите нации ќе ги победиме на секое место“, нагласи тој.Тој изјави дека ќе биде интересно да се зборува за резолуцијата за Сребреница во Обединетите нации, бидејќи бевме спречени да се сретнеме за агресијата на НАТО, со аргумент дека се враќаме во минатото, а сега отвораат тема која е четири години постар од таа тема.„Не само што ќе имаат време да разговараат за тоа во некое мало тело, туку и во најголемото тело на Обединетите нации, како што е Генералното собрание на Обединетите нации, па затоа е бесмислено да се зборува за нивното лицемерие, дрскост и непромисленост “ рече Вучиќ.

Поврзани објави
Total
0
Share