Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите: Дачиќ министер на МВР, Вулин се враќа во Владата, Ѓуриќ нов шеф на дипломатијата

ретседателот на СНС и мандатар на новата српската Влада, Милош Вучевиќ по седницата на Претседателството на партијата ги презентираше кадровските решенија на новата Влада на Србија. Ивица Дачиќ пак ќе биде министер на полицијата, Вулин се враќа во Владата, нов шеф на дипломатијата е досегашниот српски амбасадор во САД Марко Ѓуриќ, додека Братислав Гашиќ од МВР се сели во министерството за одбрана, јави дописникот на МИА од Белград.

-Денеска на седницата на Президиумот на СНС одлучивме за повеќе прашања и теми. Поднесувам барање седницата на Собранието да се одржи утре. Ќе ви го прочитам предлог составот на Влада, рече Вучевиќ.

„Синиша Мали-вицепремиер и министер за финансии, Ивица Дачиќ-министер за внатрешни работи и вицепремиер, Александар Вулин-вицепремиер, Ирена Вујовиќ-вицепремиер на Србија и министер за заштита на животната средина, Горан Весиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Дубравка Ѓедовиќ-министерка за рударство и енергетика, Томислав Момировиќ-министер за внатрешна и надворешна трговија, Маја Поповиќ-министер за правда, Братислав Гашиќ министер за одбрана, Марко Ѓуриќ-министер за надворешни работи, Тања Мишчевиќ-министер за евроинтеграции, Славица Ѓукиќ Дејановиќ-министер за образование, Златибор Лончар-министер за здравство, Немања Старовиќ-министер за вработување, труд, ветерани и социјални прашања, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, министер за семејна грижа и демографија, Никола Селаковиќ, министер за култура, Андријана Месаровиќ, министер за економија, Јелена Жариќ Ковачевиќ, министер за администрација и локална самоуправа рече Вучевиќ и додаде:

„Милан Кркобабиќ – министер за грижа на селото, Дејан Ристиќ, министер за информации и телекомуникации, Дарко Глишиќ министер за јавни инвестиции, Новица Тончев, Усаме Зукурлиќ, Ненад Поповиќ и Татјана Мацура се министри без ресор, рече Вучевиќ.

Тој кажа и дека поранешната министерка за култура, Маја Гојковиќ, ќе биде кандидат за нов претседател на Владата на Војводина.

Поврзани објави
Total
0
Share