Нико Ковач веќе не е тренер на Волфзбург, а поранешниот германски шампион се реши на ваков чекор поради слабата резултатска серија во Бундеслигата.
Вчерашниот пораз од Аугзбург ја прели чашата кај раководството на германскиот клуб, па денеска е потврдено дека хрватскиот стручњак заработил отказ и веќе нема да ја извршува функцијата.
Волфзбург нема победа во 2024 година и има само два триумфа на последните 20 натпревари, со што веќе се приближи до опасната зона на табелата.
„Волците“ имаат само шест бода повеќе од Мајнц, кој е трет одназад на бундеслигашката табела, па наследникот на Ковач ќе има амбиции само што побргу да го оддалечи тимот од опасноста од испаѓање во втората лига.
Германските медиуми споменуваат повеќе имиња како можни наследници на Ковач, меѓу нив е и Ралф Хазенхутл, кој последно го водеше Саутемптон.