Во општина Тетово за парламентарните избори право на глас имаат 86.550 граѓани, додека за вториот круг за избор на претседател ќе може да изберат вкупно 86.405 луѓе, информираат од Општинската изборна комисија (ОИК) Тетово. Денеска може да гласаат 235 луѓе кои се на издржување мерка притвор или затвор, како и болни лица.– Денеска гласаат лицата кои се наоѓаат во затвор или издржуваат мерка притвор. Во затворот Тетово право на глас имаат 54 затвореници. Исто така, ден пред избори гласаат болните и немоќните лица каде од 218 доставени барања до Општинска изборна комисија Тетово 181 барање беа прифатени од страна на ОИК. Денеска 181 лице, болни и немоќни лица имаат право да гласаат ден пред избори. Избирачките одбори се на терен да спроведат процедура на гласање на болни и немоќни лица и чекаме до крајот на денот тие да не известат колку од 181 лица гласале до 19 часот навечер, информираше Назми Даути, од ОИК Тетово.
Поврзани објави
Донација на Стопанска банка: Институтот за патологија доби апарат за врвна дигитална дијагностика
Стопанска банка АД – Скопје со посета на Медицинскиот факултет во Скопје ја официјализираше донацијата на врвна технологија…
25.09.24 17:23
Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место
„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
25.09.24 17:12
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24