Во Ларце се гласа без проблеми – до 9 часот гласале 100 избирачи од 993 во избирачкиот список

Избирачкото место 2101 во село Ларце, Општина Желино, во шестата изборна единица, е едно од седумте на кои денеска се прегласува на парламентарните избори.

Гласањето започнало навреме, во 7 часот. До 9 часот гласале 100 избирачи од 993 колку што се запишани во избирачкиот список и процесот се одвива без проблеми.

Државната изборна комисија (ДИК) го поништи гласањето на тоа избирачко место по изборите што се одржаа на 8 мај.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share