Во Албанија уапсен Јорго Горо,  в.д. градоначалник на Химара

По налог на албанското  Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, вчера доцна попладне,  уапсен е  вршителот на должноста градоначалник на општина Химара, Јорго Горо, за злоупотреба на службената положба.

Судија на претходна постапка му одредил притвор, а на три лица одговорни во секторот урбанизам мерка домашен притвор. Едно лице е во бегство.

Горо  интервенирал во отуѓување државно земјиште да биде дадено на трети лица за потоа тие да имаат корист од статусот на стратешки инвеститор.

-Горо, меѓу другото,  дозволил во два случаи околу 11 илјади квадратни метри земјиште кое било во државна сопственост во Дерми едно од најубавите приморски места, со фалсификувани документи да биде запишано како сопственост на лица како стратешки инвеститори, јавија медиумитеКако кандидат на Социјалистичката партија, тој,  беше  избран за градоначалник на Химара во три последователни мандати, а изгуби  од Фреди Белери на изборите во 2019 и на 14 мај минатата година.

Поврзани објави
Total
0
Share