Од денеска е воспоставен времен режим на сообраќајот во тунелот Блаце – Скопје поради градежни активности. Возилата ќе бидат наизменично пропуштани.
„Oд денеска ќе се воспостави времениот режим на сообраќајот во тунелот на стационажа км 6+326 до км 6+366, на десна страна од тунелот, правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот“, известуваат од АМСМ.
Ќе има светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата.