ВМРО: Пендаровски фатен пак како сам се демантира

ВМРО ДПМНЕ го обвини Пендаровски дека целосно го изгубил својот кредибилитет и интегритет. ,, Стево Пендаровски во изборната кампања тврдеше дека прва одлука за која ќе се залага е генерален реизбор на судии и обвинители. Но Пендаровски не би бил Пендаровски, ако сам себе не се демантира. Тој оди дури и чекор понатака па ја убедуваше јавноста дека тој бил еден од првите кој се противел на генералниот реизбор на судии и обвинители” се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека со заканите за генерален реизбор на судии и обвинители, Пендаровски и СДС правеле притисок врз правосудството за да може да вршат прогон на политичките неистомисленици.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share