ВМРО ДПМНЕ најави дека по формирање на идната влада ќе поевтинат сметките за струја, поради укинување на тарифата за пристап на мрежа.
,,Тарифата за пристап на мрежа од 200 денари е нова давачка која ја воведе СДС со цел да собере повеќе пари од граѓаните во буџетот.Платформа 1198 предвидува укинување на мрежарината воведена од СДС.Мрежарината од 200 денари е неоснована давачка која удира по џебот на граѓаните.По формирање на владата ќе се ревидира тарифниот систем, и владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја укине мрежарината од 200 денари, на која кога ќе се пресмета и ДДВ од 18%, доаѓаме до сума од 236 денари, пари за кои веднаш ќе се намалат сметките.Со оваа мерка секое домаќинство ќе заштеди по 3.000 денари годишно”,се вели во партиското соопштение.