Сања Божиновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата на тема „Патоказ кон иднината – Зајакнување на економијата, инфраструктурата и енергетиката“ при презентација на програмата „Платформа #1198“ изјави дека иако моментално во министерството за економија постои сектор енергетика, како што гледаме не е функционален, немаме изградени нови енергетски капацитети и затоа во програмата на ВМРО-ДПМНЕ е предвидено формирање на ново министерство за енергетика и минерални суровини со истакнати кадри и носители на стратешките проекти.
Ова министерство ќе соработува со најголемата компанија ЕСМ. Понатаму ВМРО-ДПМНЕ планира да ја намали зависноста од увоз на електрична енергија, Македонија мора сама да изгради енергетски капацитети за да имаме континуирано и одржливо производство на електрична енергија. Планираме модернизација на РЕК Битола, како и изградба на две когенеративни централи за гас, што значи во исто време ќе се снабдуваме и со топлинска и со електрична енергија, а предвидена е и гасификација. Од обновливите извори има план за изградба на ветерни паркови, потенцираше Божиновска.