ВМРО – ДПМНЕ ги соопшти имињата на министрите во идната Влада

ВМРО – ДПМНЕ го заклучи списокот на идните министри во Владата која ќе ја предводи мандатарот христијан Мицкоски. На денешниот состанок на Извршниот и Централниот комитет на партијата имињата на кандидатите беа едногласно усвоени.„Во овие луѓе кои ги предлагам имам голема надеж и заедно нѐ чека многу работа. Мора да ги засукаме ракавите од првиот ден. Состојбите се очајни и потребно е најпрвин стабилизирање на состојбата а потоа и брзи резултати“, изјави мандатарот Мицкоски.

Предлог за заменик-претседател на Владата и министер за транспорт е Александар Николовски. Ресорот одбрана ќе го води Владо Мисајловски одбрана, поранешен министер за транспорт и врски. Техничкиот министер Панче Тошковски останува во ресорот МВР. Гордана Димитриевска Кочовска е предлог за министер за финансии, како и ракометарот Борко Ристевски кој ќе го води министерството за спорт. Шеф на дипломатијата ќе биде Тимчо Муцунски а Златко Перински министер за локална самоуправа. Министер за информатичко општество и дигитална трансформација Стефан Андоновски додека новоформираното министерство за енергетика, рударство и минерални суровини ќе го води како што беше најавено Сања Божиновска. Цветан Трипуновски е предлог за министер за земјоделие а министерството за култура и туризам ќе го води актерот Зоран Љутков. Предлог за министер за образование и наука е Весна Јаневска.Коалициските партнери на ВМРО – ДПМНЕ во „Твоја Македонија“ ќе добијат три места – Љупчо Димовски, претседател на СПМ ќе биде заменик-претседател на Влада одговорен за политички систем, Иван Стоиљковиќ исто така заменик-претседател на Влада и односи меѓу заедниците а Шабан Салиу ќе биде министер без ресор.

„Имаме амбициозен план за реформи и проекти кој ќе почне од првиот ден. Сега треба да го направиме она што е најважно, да ја вратиме Македонија на народот“, рече Мицкоски.

Коалицијата „Вреди“ ќе има четири министерства и две вицепремиерски места. Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе го води Фатмир Лимани од „БЕСА“ а неговиот сопартиец Бесар Дурмиши ќе биде министер за економија и труд.Лидерот на „Демократско движење“, Изет Меџити ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија а Арбен Таравари ќе го води министерството за здравство.

„Алтернатива“ доби два ресори – министерството за европски прашања кое ќе го води Орхан Муртезани и вицепремиерското место за добро владеење каде ќе седне Арбен Фетаи.

Движењето „ЗНАМ“ ќе ги води министерствата за правда и за јавна администрација а кадровските решенија се Игор Филков и Горан Минчев.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share