Владата на Косово соопшти дека Министерството за внатрешни работи донело одлука на граѓаните да им дозволи да ги заменат српските возачки дозволи за косовски.Возачките дозволи издадени од Србија за градовите во Косово главно ги користат припадниците на српската заедница, додека официјална Приштина ги смета за нелегални документи.Веќе долго време добиваме барања за ваква одлука. Сакаме да ги ослободиме нашите граѓани од секојдневните проблеми со кои се соочуваат, рече премиерот Албин Курти во обраќањето на српски јазик.Тој изјави дека замената на српските возачки дозволи за косовските „ќе им овозможи на граѓаните полесно да ги регистрираат своите возила со регистарски таблички RKS (Република Косово).Министерството за внатрешни работи на Косово соопшти дека за преминување во возачка дозвола издадена од косовските институции, нема да биде потребно повторно полагање на тестовите.
Поврзани објави
Стејт департментот бара Србија да ги изведе сторителите од Бањска пред лицето на правдата
На годишнината од вооружениот напад на косовската полиција во Бањска, американскиот Стејт департмент ја повика Србија да ги…
25.09.24 17:25
Двајца загинати и неколкумина повредени во експлозија на бомба во Цетиње
Две лица загинаа, а неколкумина се повредени утрово во Цетиње, откако недалеку од тамошниот Спортски центар била активирана…
20.06.24 09:24
Грчки медиуми: Мицкоски ќе положи заклетва со уставното име
Изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски поврзани со името, поднесениот…
19.06.24 13:13