ВИДЕО: Пенал на англиска фудбалерка беше помоќен од било кој удар лани во Премиер лигата

Во Австралија и Нов Зеланд во тек е Светското фудбалско првенство за жени. Репрезентацијата на Англија, еден од првите фаворити за титулата се пласираше во четвртфиналето каде ќе игра против Колумбија.

Откако Англичанките успешно ја поминаа групата со Кина, Данска и Хаити, во осминафиналето беа подобри од Нигерија. Натпреварот беше решен во пенал серијата, а клучниот го постигна Клои Кели, фудбалерка на Манчестер сити.

Кели со сета сила ја удри топката во мрежата. Англичаните со помош на посебна технологија во топката забележаа дека ударот одеше дури 111 километри на час.

Посебно импресивно е што во целата сезона во Премиер лигата за мажи минатата сезона, ниту еден голгетер не ја достигна таа ударна моќ.

Најсилниот удар кој заврши со гол го забележа Алжирецот Саид Бенрахма, напаѓачот на Вест хем, со брзина од 107,2 км/час.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share