Вчера во Скопје казнети 352 возачи, најмногу за брзо возење

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во Скопје сообраќајната полиција казнила 352 возачи.

„Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 352 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 108 санкции, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 20 санкции за користење на мобилен телефон при возење, 14 мерки за некористење на сигурносен појас“, соопшти МВР.

Од полицијата велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопшти МВР.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share