Судот утврди дека намалувањето на коефициентите за 13 отсто е направено со закон, што е во надлежност на Собранието. Платите, сепак, станале поголеми, бидејќи пораснала просечната плата во државата и останале доволно високи согласно статусот на овие лица. Во почетокот на годинава, Собранието ги намали коефициентите за пресметка на сите функционерски плати. За судиите, коефициентите кои се движеле во распон од 2,8 до 3,7 се намалени на распон од 2,43 до 3,21, а кај Судскиот совет, 3,7 и 4 се заменети со 3,21 и 3,47.Тие реагираа дека законодавецот извршил противуставна и незаконита интервенција во самостојноста и независноста на судската власт преку недозволено намалување на платите. Сметаат дека се оневозможува усогласување на нивните плати со динамиката на движење на просечната исплатена плата во претходната календарска година.
Поврзани објави
Донација на Стопанска банка: Институтот за патологија доби апарат за врвна дигитална дијагностика
Стопанска банка АД – Скопје со посета на Медицинскиот факултет во Скопје ја официјализираше донацијата на врвна технологија…
25.09.24 17:23
Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место
„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
25.09.24 17:12
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24