Управниот суд ја одби тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце

Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 29.05.2024 година во 23:30 часот, судечкиот совет по предметот УРП.бр.95/24, оформен по тужба поднесена од Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ на Парламентарните избори 2024, против Решение број УП1 10-33 од 27.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, ја донесе и јавно ја соопшти изреката на одлуката:-Тужбата на тужителот Коалиција „ЕВРОПСКИ ФРОНТ“ Предводена од ДЕМОКРАТСКА УНИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА (Движење на народот – ДН, Демократска партија на Албанците, Европска демократска партија ЕДП, Демократска партија на Турците, Политичка партија Унија на Ромите – УРА, Политичка партија Бошњачки Демократски Сојуз – БДС) изборна кампања – Парламентарни избори 2024 година, во Изборна единица 1, 2, 3, 4, 5 и 6, поднесена против Решението на Државна Изборна Комисија на Република Северна Македонија УП1.бр.10-33 од 27.05.2024 година, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО, стои во соопштението на Управниот суд.Тужбата беше по решението на Државната изборна комисија за прегласувањето во Желино, на изборното место 2101 во село Ларце.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share