„Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија“

Институтот за демократија заедно со Собранието на Република Северна Македонија на утре, со почеток од 10 часот ќе биде домаќин на регионалниот настан „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија“ кој вклучува парламентарци и стручна служба од Парламентите на Западен Балкан, Германскиот Бундестаг и Европскиот парламент.

Целта на настанот е да го доближи Берлинскиот процес до пратениците и стручната служба и да иницира меѓу-парламентарна и експертска дебата за улогата на парламентите на земјите на Западен Балкан во рамки на Берлинскиот Процес.

Настанот ќе го отворат претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г-дин Талат Џафери, претседателот на Институт за демократија г-дин Марко Трошановски и амбасадорката на Сојузна Република Германија Н.Е. Петра Дрекслер. Свое клучно излагање ќе даде и претседателот на комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг г-дин Михаел Рот, а ќе се обратат и пратеници од земјите на Западен Балкан како и г-дин Мануел Сарацин, Специјален претставник на Владата на Сојузна Република Германија за Западен Балкан.

Настанот ќе се одржи во салата Борис Трајковски во Собранието на Република Северна Македонија.

Агендата за настанот може да ја погледнете тука. Настанот ќе биде отворен за медиуми до 15 часот.

Настанот е дел од проектот „Парламентарна дипломатија: регионална соработка преку зајакнат парламентарен дијалог“ кој има за цел преку промоцијата на парламентарната дипломатија и искористување на механизмите за надзор од страна на парламентите на Западен Балкан, да ги промовира законите и придобивките од Берлински процес.

Преземените обврски од страна на владите на Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес го доближуваат Балканот кон ЕУ преку забрзување на општото усогласување со принципите и законодавството на ЕУ. Сепак нивното донесување и имплементација се одвива со различно темпо што го забавува напредокот на регионот. Оттука, парламентите на западен Балкан (пратеници и стручната служба) во претстојните две години ќе ги промовираат овие закони и политики, но и ќе бараат одговорност за непостапување по истите. На овој начин ќе се поттикне поголема координација над овластувањата меѓу двете гранки на власта, но и помеѓу земјите во регионот за одлуки од заеднички интерес.

Главниот фокус ќе биде ставен на Заедничкиот регионален пазар и Зелената агенда кои се клучни области на економски развој и здрава животна средина во Западен Балкан.

Проектот е имплементиран од шест партнерски организации во земјите од Западен Балкан. Носител-организацијата на проектот е Институтот за демократија (ИДСЦС) од Скопје. Останатите партнери се Институт Алтернатива од Црна Гора, Институтот за политички науки од Албанија, Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА) од Србија, Демократски институт – Косово и Мрежата на прогресивни иницијативи од Босна и Херцеговина. Проектот е поддржан од Германското министерство за надворешни работи.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share