Велешанец е фатен како превезува мигранти на регионалниот пат Старо Нагоричане – Пелинце, соопшти полиција.
МВР информира дека полициските службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го уапсиле Д. С. (27) од Велес.
-При контрола на товарно возило „ман“, со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 44 мигранти од Палестина, Ангола, Конго, Судан, Пакистан, Гана и од Сенегал, меѓу кои и малолетници, се наведува во информацијата.
Д. С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.