За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. Доналд Трамп тврди дека не е виновен.
Поранешниот претседател на САД се товари за фалсификување на деловни документи, кога на порно актерката Сторми Дениелс, преку свој адвокат, и платил 130.000 долари за да не говори за нивната наводна афера.
Трамп ги негираше сите обвинувања и ги оцени како политички мотивирани.