Тешка сообраќајна несреќа во Кичево во судар помеѓу две возила три млади лица го загубија животот, а четири се здобиле со тешки телесни повреди.Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 19 годишно лице од Кичево и патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 32 годишник од кичевското село Трапчин Дол.Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговиот сопатник, 20 годишно лице од село Трапчин Дол, додека другото лице им подлегнало на повредите на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи се со цел да се откријат причините за овој немил настан.
Поврзани објави
Донација на Стопанска банка: Институтот за патологија доби апарат за врвна дигитална дијагностика
Стопанска банка АД – Скопје со посета на Медицинскиот факултет во Скопје ја официјализираше донацијата на врвна технологија…
25.09.24 17:23
Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место
„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
25.09.24 17:12
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24