,,Воопшто не ми е битно каде ќе ја дочекам конечната одлука, туку сакам само да има разрешница за да одлучам дали да останам на овој, или да одам на оној свет“, кажа Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска на денешната јавна седница пред Врховниот суд, а по жалбата што ја поднесе во врска со продолжениот притвор.
Неговиот адвокат Владиир Туфегчиќ во образложението зошто бара укинување на притворот за Ѓорчевским рече дека одлката на Апелацискиот суд Скопје е во спротивност со Европската конвенција за чоевкиови права.
„Скоро 4 месеци трае притворот, а нам не ни е дадена барем една индиција дека обвинителството има основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично дело“, рече адвокатот.
Надлежната обвинителка од државното Јавно обвинителство кажа дека Апелацискиот суд донел јасно и недвосмислено решение за продолжување на притворот.
„Истрагата е во тек со вештачење на телефонските разговори и затоа се уште постоои основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично делчо – грабнување. Притворениот може да влијае врз сведоците, затоа што нема гаранција дека иако тие се испрашани, нема подоцна да ги сменат изјавите пред судечкиолт судија“, рече обвинителката Наталија Тасевска.
Поврзани објави
Донација на Стопанска банка: Институтот за патологија доби апарат за врвна дигитална дијагностика
Стопанска банка АД – Скопје со посета на Медицинскиот факултет во Скопје ја официјализираше донацијата на врвна технологија…
25.09.24 17:23
Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место
„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
25.09.24 17:12
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24