Претседателскиот кандидат од Европскиот сојуз за промени, Арбен Таравари, денеска на прес-конференција го потврди ставот дека нема да коалицираат со партија која е против уставните измени и е против бришењето на дваесте проценти за албанскиот јазик.Вели предуслов за започнување на преговорите за коалицирање е европскиот пат за Македонија, истакнувајќи дека двете македонски партии во одредени периоди кажале дека ова не им пречи.– Мицкоски некаде во април или март имаше интервју за „Коха“, каде рече дека не му пречи, Заев исто така го кажа тоа кога се случи преспанскиот договор, Ковачевски и Пендаровски исто така. Мислам дека тоа е веќе нешто што постоело во Македонија, не е нешто ново. Со Уставот од 1974 година во Македонија официјални јазици беа македонски, албански, турски, немаа ни проценти ни бројка. Ако ни најдат еден Устав во светот каде што употребата на јазик на која било етничка заедница стои со проценти или бројки, ние ќе го тргнеме ова, рече Таравари.Дали ќе прифатат коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, која е против внесување на бугарите во Уставот, Таравари вели „доколку некој не е подготвен да го продолжиме европскиот пат на Македонија, ние не сме тука“.– Тоа е предуслов, не услов. Јас не велам веднаш за 10 дена, меѓутоа да имаме одреден лимит и гаранции од меѓународниот фактор дека тоа ќе се случи, нема никаков проблем за кој било, дали ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Ова е став на сите политички партии на Албанците. Има еден џентлменски договор меѓу нас дека не би биле никогаш дел од некоја влада која што нема да прифати Македонија да го продолжи европскиот пат, бидејќи немаме друга алтернатива. Ние не сакаме да ни се повтори Букурешт 2008 година и да талкаме уште 10 години, тоа не е добро ни за Македонците, ниту за Албанците, ниту за Турците кои што живеат тука, рече Таравари.
Поврзани објави
Донација на Стопанска банка: Институтот за патологија доби апарат за врвна дигитална дијагностика
Стопанска банка АД – Скопје со посета на Медицинскиот факултет во Скопје ја официјализираше донацијата на врвна технологија…
25.09.24 17:23
Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место
„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
25.09.24 17:12
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24