Таравари не ја гледа како „ризик“ новата партија на Меџити

Претседателот на Алијансата за Албанците и градоначалник на Општина Гостивар, Арбен Таравари, не го гледа како опасност за неговата партија формирањето на новиот политички субјект од страна на Изет Меџити.

„Воопшто не го гледам тоа како ризик. Ние имаме свои структури. Ја покриваме целата територија на државата каде живеат Албанци, така што засега не гледам никаква опасност, секој има своја траекторија во политиката“, изјави Таравари.

На Меџити му посака успех и изрази надеж дека ќе го реализира она што го планира.

Меџити, доскорешен потпретседател и пратеник од ДУИ на 17 јули најави дека заедно со пратениците Мерита Коџаџику и Кастриот Рерџепи ќе формираат ново политичко движење, која официјално ќе биде промовирано на 13 август.

Меџити тогаш објасни дека новиот политички субјект во принцип ќе функционира како партија. На прашањето дали ќе бидат подготвени за евентуални предвремени избори, Меџити рече дека токму затоа брзаат со формирање на ова движење за да бидат подготвени за секаков вид на предизвици што можат да се појават во меѓувреме.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share