Таравари: Бранот промени не може да се запре, ДУИ го прифаќа резултатот од прегласувањето



Арбен Таравари, еден од партнерите на Коалицијата „ВЛЕН“ сeуште не одлучил дали ќе биде во идната влада како министер.

Тој потврди дека се точни дел од пишувањата на некои медиуми за поделбата на владините ресори и службените места. Според него, конечниот договор меѓу идните владини партнери, ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ, најверојатно ќе биде објавен денеска или утре.

“Алијансата ќе има двајца министри, вицепремиер за добро владеење и транспарентност и министер за здравство и двајца заменици министри како и двајца државни секретари и тоа заменик министерот за одбрана и заменик министерот за земјоделство. Државен секретар  за здравство и уште еден на кој сега не ми текнува”, изјави Таравари.

Прашан дали ќе биде следниот министер за здравство, тој рече дека не одлучил и се уште размислува дали ќе ја прифати оваа функција. “Не се  исклучена можноста, но не е дефинитивна”.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share