Тој теснец е предмет на меѓународен спор, Кина тврди дека има суверенитет над него, а средната линија, позната и како Дејвис линија, е одредена во 1955 година и се смета за граница меѓу двете страни.
Во соопштението се наведува дека кинеските борбени авиони Су-30 и Ј-11 навлегле на територијата на Тајван, а нема информации дека Кина вчера и денеска ги продолжила воените вежби.
Тајванските власти рекоа дека Кина најверојатно ќе спроведе воени вежби во близина на островот како одговор на посетата на тајванскиот потпретседател Вилијам Ли на САД.
Тајпеј изјави дека и Кина ја користи посетата како изговор за заплашување на гласачите пред претседателските избори што треба да се одржат во Тајван следната година.