Околу 63% од граѓаните на Македонија сакаат земјата да остане членка на НАТО, а 64% се уверени дека членството ја намалува веројатноста нивната земја да биде нападната. Ова се дел од податоците во годишниот Извештај на Генералниот секратар на НАТО Јенс Столтенберг за 2023 година.
Доколку би се гласало дали сте „За“ или „Против“ членството во НАТО, за земјата да ја напушти Aлијансата би гласале 24 отсто од граѓаните, а исто толку остануваат воздржани по однос на ова прашање.
Како и во 2022 година, на глобално ниво 82% од граѓаните веруваат дека е важна соработката меѓу Северна Америка и Европа за безбедносни прашања. Македонија е меѓу земјите каде што мнозинството смета дека оваа сорабoтка е „важна“.
Во извештајот се додава и дека Македонија е една од 18-те земји членки кои од годинава го исполнуваат критериумот на НАТО за одвојување на 2% од БДП за одбрана. Според МО, од 2024 година се издвојуваат 2,05 проценти од македонскиот бруто-домашен производ или 327 милиони евра за одбранбениот буџет на земјата.