Средба на Џафери со новиот состав на ДКСК: Поддршка во реализација на надлежностите

Техничкиот премиер Талат Џафери, се сретна со новоизбраната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Татјана Димитровска и со членовите на новиот состав на Комисијата.

Средбата се реализираше на барање на Џафери и на неа тој истакна дека Комисијата ја има поддршката во реализацијата на законските обврски.

На средбата беа споделени ставови на претставниците на Комисијата, за континуиран процес на развој на ДКСК, со цел зајакнување на нејзиниот статус, како и за ефикасно спроведување на законските надлежности во делот на спречување корупција.

Заеднички е изразена согласност дека, владеењето на правото е еден од клучните приоритети за сите граѓани на Република Северна Македонија и на патот на државата кон Европската Унија. И дека во таа насока, потребни се заеднички, консолидирани напори од сите страни, правосудната, законодавната и извршната власт, како и широко од општествената јавност, за постигнување на очекуваните резултати.

Во однос на актуелната тема за организацијата и спроведувањето на претстојните претседателски и парламентарни избори, заеднички се истакна дека е потребен фокус од сите политички субјекти, учесници во изборниот процес, кон спроведување транспаренти, фер и демократски избори според европски стандарди и пракси, посебно што Република Северна Македонија аспирира кон натамошни исчекори во евроинтеграцискиот процес, за скорешно членство во Европската Унија.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share