Срби и Германци дрогирале и силувале Монголка во хотел во Шпанија

Шпанската полиција уапси петмина мажи на возраст од 19 до 33 години во Марбела под сомнение дека дрогирале, а потоа силувале 26-годишна девојка од Монголија!

Како што јавија медиумите од таа земја, уапсени се двајца српски државјани и тројца Германци. Судот отвори истрага против осомничените, но тие беа пуштени да се бранат од слобода.

– Се уште се проверува дали девојчето било дрогирано со некои супстанци, пред да ја однесат во хотел со четири ѕвезди во Марбела и таму да ја силуваат – изјавиле извори од истрагата – пренесуваат медиумите.

Грозоморното злосторство, велат, девојката го пријавила на 6 март.

– Според тврдењата на девојката, силувањето се случило ноќта меѓу понеделникот кон вторникот, а таа во средата отишла во полиција и пријавила. Таа била префрлена во болницата Коста дел Сол на лекарски преглед, а во исто време Националната полиција започнала со работа, ги идентификувала осомничените за групниот сексуален напад врз жената и тие биле уапсени веќе во петокот. Утврдено е дека тројца од нив се Германци, а двајца се државјани на Србија – потврдиле истражителите за шпанските медиуми.

Девојчето кое го пријавило силувањето, велат, веќе се вратило во Монголија и со видео врска било интервјуирано.

– Истражниот судија преку видео конференција го сослушал девојчето, а биле сослушани и приведените, кои потоа биле пуштени на слобода, но се должни редовно да се јавуваат кај надлежните органи – наведуваат оттаму.

Се додава дека против нив е покрената истрага за сексуален напад.

– Се уште се проверува каква точно улога имал секој од осомничените и колку и како учествувал во се што се случувало во хотелската соба. Исто така, се уште се во тек и крвни тестови, за со сигурност да се утврди дали жртвата била дрогирана пред нападот. Првите резултати укажуваат дека во нејзиното тело немало супстанци кои би влијаеле на нејзината волја и расудување – наведуваат надлежните.

Поврзани објави
Total
0
Share