Собранието одржа комеморативна седница за Стојан Андов

Во Собранието на Северна Македонија се одржа комеморативна седница со која му беше оддадена почит на првиот собраниски претседател Стојан Андов, кој почина вчера на 89-годишна возраст.

На седницата присуствуваа пратеници, поранешни високи функционери, претставници на верските заедници.Седницата започна со едноминутно молчење, а за животот и делото на Андов, зборуваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова.Андов, како што рече таа, беше „стамен столпник на нашата современост кој даде сериозен придонес во политичкиот, државниот и општествениот развој во последните три децении“.

Претседателката нагласи дека Андов, заедно со Глигоров, Петар Гошев, Абдурмахман Алити и други, е меѓу оние на кои „им го должиме мирното раздружување од Југославија“.„Замина угледен сојузен функционер во поранешната заедничка држава, дипломат кому му се доверуваа најсуштествените задолженија на меѓународен план, кој што беше член на сојузните влади во два мандати, кој што го прекстари светот како задолжен за односи со земјите во развој и со Европската економска заедница“, рече Сиљановска Давкова.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share