Талат Џафери останува и пратеник и премиер. Без негово директно учество надминат е уште еден обид за разрешување на случајот на неспојливост на двете функции.
Спикерот Африм Гаши го примил барањето но не го третира како документ за одлучување. До Комисијата за мандатно-деловнички прашања воопшто не го доставил бидејќи не е ни формирана.
Пред неколку дена, кабинетот на Гаши соопшти дека „Собранието останало конзистентно со претходните случаи кога Владата ги врши само неопходните функции до изборот на нова Влада за да обезбеди континуитет и уредна транзиција на власта“.Самиот Џафери на Конститутивната седница најави дека ќе остане премиер а ќе се воздржи од пратеничките обврски за да избегне судир на интереси. И мандатарот Христијан Мицкоски се согласи дека повеќе пати имало ваква пракса и дека се работи за „сива зона“ која треба да се преуреди.