Санела С., од месноста Пријановиќ кај срспкиот град Пожега, е осомничена дека со нож го убила нејзиниот сопруг М.С.
Се претпоставува дека на кривичното дело му претходела расправија.
Соседите биле изненадени и шокирани откако се случило убиството, велејќи дека Санела го малтретирала сопругот со години. Велат, „не можел ниту да испушти звук“ во нејзино присуство.
– Не смеел да пријави, таа му се заканувала дека ќе го убие – изјавила сосетка за српски „Блиц“.
Осомничената е уапсена, а за случајот е известено и Вишото јавно обвинителство во Ужице.