Со 88 гласа „за“ усвоен законот за реорганизација на министерствата во Владата

Седницата траеше до 3 часот утрово кога и беа изгласани измените. Законските измени добија поддршка од дел од пратениците на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ. Новата Влада ќе има 20 наместо досегашните 16 министерства. Мандатарот Мицкоски најави дека формирањето на кабинетот ќе биде пред истекот на рокот од 20 дена кој почна да тече од завчера 6 јуни.

За измените на Законот гласаа пратениците на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, пратениците на коалиција „Вреди“, партијата ЗНАМ и неколку пратеници од коалицијата „Европски фронт“ предводен од ДУИ. Двотретинското мнозинство неопходно за носење на овој закон беше обезбедено по средбата меѓу претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот фронт вчеравечер на која беше договорена поддршка за законот во замена за формирање на ад хок комисија во Собранието за правична застапеност.Откако вчера Собранието донесе одлука законот да се носи по скратена постапка, тој експресно ги мина двата собраниски филтри, комисијата за политички систем и законодавно – правната комисија, и потоа се најде пред пратениците на гласање.Седницата траеше до 3 часот утрово кога и беа изгласани измените. Жестоки критики и на сметка на законот и процедурата за носење на законот имаше од опозициските СДСМ и Левица. За опозицијата реорганизацијата на Владата и воведувањето на четири нови министерства е дополнителен трошок и отвора пат кон нови партиски вработувања што според нив е единствената цел на владејачкото мнозинство.Измените предвидуваат на Министерството за економија да се додаде сегментот труд, а досегашното Министерството за труд и социјална политика ќе биде министерство за социјална политика, демографија и млади. Министерство за спорт ќе ја наследи Агенцијата за млади и спорт а дел од надлежностите на министерството за економија во делот на рударството и енергетиката ќе бидат дел од надлежностите на ново министерство за енергетика, рударство и минерални суровини. Ингеренциите за туризмот ќе ги има ново министерството за култура и туризам, ќе се формира министерство за дигитализација кое ќе го наследи досегашното министерство за информатичка технологија и администрација и ќе се формира министерство за администрација.

Со изгласувањето новиот Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ) повеќе нема пречки мандатарот Христијан Мицкоски да го комплетира својот кабинет и кадровските решенија заедно со програмата да ја презентира пред пратениците во Собранието на гласање. Тој најави дека процедурата ќе биде готова пред истекот на законскиот рок од дваесет дена за формирање на Владата кој почна да тече од 6 јуни.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share