ВМРО-ДПМНЕ не може да се амнестира од криминалите на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ заедно ги избраа обвинителите и судиите кои ги чуваат предметите за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во фиока, изјави денеска пратеникот од владејачката Алијанса за Албанците, Халил Снопче. Тој нагласи дека сите треба да се потсетат дека за криминалите на тие две партии граѓаните јасно и гласно слушнаа од „бомбите“ за прислушуваните разговори.
„Од бомбите со свои уши слушнавме, како ВМРО заедно со ДУИ, односно ДУИ заедно со ВМРО, за што господинот пратеник Бојан Стојановски ја обвинува ДУИ, ги избраа обвинителите и судиите. Знаеме како се избрани и токму тие обвинители и судии се се уште на функција и токму тие обвинители ги чуваат во фиоки случаите на актуелниот градоначалник Рамиз Мерко. А сега господинот Стојановски обвинува дека Рамиз Мерко Америка го ставила на црна листа, додека ние наводно не знаеме зошто и бара одговорност“, рече Снопче потсетувајќи на ставови на ВМРО-ДПМНЕ искажани неодамна од пратеникот Стојановски.
Тој уште еднаш нагласи дека зад обвинителите поврзани со Мерко стојат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ како партии кои се заложиле за нивен избор и додаде дека сега „сите се чудиме како Америка може да знае дека господинот Рамиз Мерко бил корумпиран, а ние да се правиме дека не знаеме“.
Да биде иронијата уште поголема, нагласи пратеникот Снопче, и премиерот Ковачевски рече Снопче.