Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража. Во Маврово врнежите се помешани од дожд и снег (лапавица), но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Сообраќајот на останатиот дел од државните патишта се одвива тековно, пo влажни коловози.
Како што соопштуваат од ЈП Македонијапат, сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Се апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Македонија пат, се посочува, постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни