Смртни закани добил и градоначалникот на Кавадарци. Пијан 35-годишник му кажал дека ќе го убие, додека Јанчев бил со друштво во угостителски објект.
Полицијата реагирала, а кавадарчанецот заврши зад решетки.
Напаѓачот не е непознат за полицијата, и претходно извршувал разни кривични дела. По целосно документирање на случајот, кавадарчанецот досието ќе си го „збогати“ со уште една кривична пријава.
За целиот тој случај тој денеска со длабоко жалење прво на телефон а потоа и во кабинетот дошол да се извини.
– Бев во пијана состојба, го навредив Градоначалникот признавам. Му се извинив и сега сум со него и повторно му се извинив. Нема да се потори ова уште еднаш. Бев во алкохолизирана состојба а пијам и некои апчиња и така се случи тоа рече Никола Пртсенов од Кавадарци.
Градоначалникот Јанчев го примил во својот кабинет на разговор како што вели за преку дијалог да видат во што е проблемот и дали може некако да му помогне.
-Го прифатив извинувањето. Сега разговараме домаќински не само за мене, од мене тоа е прифатено но и за во иднина да нема вакви реперкусии бидејќи сепак е фамилијарен човек, покрај сите проблеми кои ги има мислам дека не треба да ги прави овие работи и добро е што е самокритичен днеска и ги прифаќа сите работи рече Митко Јанчев Градоначалникот на Кавдарци.