Министерката за одбрана Славјанка Петровска вели дека партијата се уште не донела одлуки за носителите на листите на претстојните парламентрани избори, но оти е подготвена да биде и носител на листа доколку е тоа партиска проценка.
-Таа одлука се уште не е донесена во рамките на партијата.
Како што многу пати и досега одговорив, јас сум подготвена, ако е проценката направена, да бидам и носител или на избор на листа да бидам пратеник, а можам да не бидам воопшто.
Она што досега го правам на сите позиции на кои што сум била назначена е да ги извршувам професионално и одговорно и сегогаш да дадам продонес за државата, изјави Петровска на новинарско прашање по брифингот за набавката на осум нови хеликоптери за Армијата.