Скендер Реџеп Зејди од „Европски фронт“ во емисијата КЛАН дебата, ја осуди соработката на двете главни политички партии СДСМ и ВМРО, опишувајќи ги како антиалбански фронт и македонски националисти. Според Зејди, оваа соработка има за цел да го спречи формирањето на бинационална држава , поткопувајќи го плурализмот и фаворизирајќи политичка агенда што ја исклучува албанската заедница.
Зејди ја обвини Државната изборна комисија за пристрасност, сугерирајќи дека имало изборен инженеринг за да се влијае на исходот од гласовите во корист на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Тој нагласи дека барањето за прегласување во изборните единици, каде ВМРО и СДСМ имаат мнозинство гласови, не е случајност, туку дел од пошироката стратегија за ограничување на политичкото влијание на Албанците во Северна Македонија.
„Тоа е нешто очекувано, и тоа е првпат во плурализмот на Северна Македонија ,СДСМ и ВМРО да се здружат да одбранат антиалбански и македонски националистички политички концепт. Тие имаат за цел да ја спречат Северна Македонија да биде бинационална , де факто. Во ДИК имавме голема пристрасност каде нејзините членови застанаа на страната на ВМРО и СДСМ. Во едно избирачко место каде што и СДСМ и ВМРО ги поделија гласовите, каде што се земаа гласови од Албанците, ова е инженерство да се земе пратеник од фронтот и тие да останат втора власт во Македонија. Не случајно, и во селото Касми во 6-та изборна единица бараат прегласување каде што имаат мнозинство гласови“, рече Зејди.