Синот на еден од уапсените за шпионажа во Косово ја правел изборната кампања на Африм Гаши

Синот на еден од уапсените косовци за шпионажа за Српската разузнавачка агенција БИА е новинарот Зекирја Шабани. Тој како што објави порталот Воксњуз.ал (VOX News Albania) е сопственик на порталот „Факте плус“, а додека до минатата година беше уредник и во телевизијата АТВ.

Зекирја Шабани беше многу активен во изборната кампања на Северна Македонија, за поддршка на ВЛЕН.

ој ја подготвил изборната кампања за Африм Гаши, кој е избран за претседател на Собранието на Северна Македонија, пишува Перископ.

Мухарем Ќерими и Бедри Шабани беа уапсени во средата под сомнение за шпионажа. Истите се осомничени дека соработувале со српската БИА. За овој случај косовската полиција соопшти дека истрагите започнале уште во 2023 година, а во средата на 5 јуни извршиле акција на две локации во градот Урошевац.

При претресот на локацијата на двајцата осомничени машки лица од Косово, пронајдени се и како материјални докази одземени разни документи, компјутери, телефони, УСБ, ДВР, касети, оружје и муниција, маски, воени гас-маски и многу други докази. „Двајцата осомничени се приведени и со решение на обвинител се приведени“, соопштија од полицијата.

Во Кривичниот законик на Република Косово, кривичното дело шпионажа е дел од кривичните дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово.

Минималната казна за ова дело е 5 години затвор, додека максималната е 12 години.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share