Тениските фанови со нетрпение го очекуваа новото соочување на Јаник Синер и Карлос Алкарас, а нивниот полуфинален дуел на Индијан Велс ги исполни очекувањата и покрај прекинот поради лошите временски услови.
Добрите пријатели се соочија за пласман во финалето, а Алкарас со целосен пресврт се избори за победа, нанесувајќи му го првиот пораз на Италијанецот во 2024 година.
Алкарас и Синер одиграа и еден страшен поен, кој заврши во корист на Јаник, но двајцата го проследија со насмевка на лицето и на задоволство на тениската публика ширум светот.