Силјановска:Лентата беше куса, а сакав да пишува РС Македонија

На новинарско прашање зошто на венецот што го положи на чевствувањето на светите браќа Кирил и Методиј во Рим стои само нејзината функција и име (Претседателка Силјановска Давкова), а не и името на државата, претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова изјави дека лентата беше куса. Taa изјави дека ќе го почитува Преспанскиот договор, но и ќе го задржи правото некогаш да ја употребува придавката или само името.

Тие лентите не се многу долги, разговарав со мојот кабинет, имавме и различни мислења. Јас бев на мислење дека може да се напише ‘РС Македонија’, бидејќи немаше простор. Но, се дојде на мислењето дека можеби, бидејќи јас сум на чело на делегацијата, која е државна и црковна, тоа да биде решениетпо. Знам, има забелешки, ги разбирам многуте од нив. Но, Македонија ја претставувавме таму. Веројатно во времево кога, по мојот говор кога го избегнав официјалното име на државата и определбата за Македонија врз основа на правото на самоопределување и слободата на изразување на мислата, се одлучивмне на ова решение. Не мислам дека е тоа не знам каков проблем, ниту негирање на Македонија, ниту негирање на државата. Се знаеше која е делегацијата, кои сме ние. Нам ни се чинеше дека тоа е најдобро во тој момент“, рече претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова , одговорајќи на новинарски прашања на маргините на конференцијата за одбележување 85 години од раѓањето на професор Ѓорѓи Марјановиќ денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Таа во својата изјава повика да се препрочита Преспанскиот договор, особено во делот на промената на документите за внатрешна употреба што е, како што нагласи, непознат феномен во историјата на човештвото.„Во врска со фактот дека таму се врзува овој чин или крајниот рок за истекот на пет години, меѓутоа и за отворањето на првото поглавје и на поглавјата. Кој одлучува за отворање на прво поглавје? Европската унија. Значи и тие требало да сторат нешто за реализација на Преспанскиот договор. Значи, не сум го прекршила Преспанскиот договор, тој е во сила, ќе го почитувам, но си го задржувам правото да го употребувам, некогаш и придавката да ја употребувам или името“, рече Силјановска Давкова.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share