Претседателката Гордана Силјановска Давкова вели дека Преспанскиот договор е правен акт кој ќе го почитува иако е критичар на неговата содржина.Силјановска Давкова вечерва по учество на настан по повод 20- годишнината од постоењето на Центарот за Истражување и Креирање Политики (ЦИКП), на новинарско прашање потенцира дека не смета оти го прекршила Преспанскиот договор.
– Впрочем и во самиот Преспански договор јасно стои дека во документите, во комуникацијата ќе се употребува името од Преспанскиот договор. Значи, јас не гледам тука дека е тоа повреда. Јас ниту ја искинав изјавата, ниту реков дека нема да го почитувам Уставот, ниту реков ќе го раскинувам Преспанскиот договор. Едно е што јас сум го критикувала Преспанскиот договор, заради постапката на донесувањето, заради неусогласеноста со Повелбата на Обединетите Нации. Но, тоа е правен факт, тоа е реалност и јас ќе ја почитувам, рече Силјановска Давкова.