Села: ВЛЕН го заборави Курти и сега му аплаудира на Мицкоски

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села изјавил дека е загрижен што коалицијата ВЛЕН „аплаудира на антиалбанските изјави на Христијан Мицкоски“, пишува „Газета Експрес“. Тој додал дека ВЛЕН сега го „заборави“ косовскиот премиер Албин Курти и дека го користат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Според Села, неговиот довчерашен сопартиец, Арбен Таравари, сега зборува како „тие да се оружјето на Мицкоски“.

Начинот на кој ВМРО во моментов е претставена е обид да се насочи албанскиот глас кон ВЛЕН, но и да се врати услугата на Таравари, бидејќи ВМРО и ВЛЕН соработуваа во своја корист. Кандидатурата на господинот Таравари не беше со благослов, затоа што тогаш побегна и се однесуваше како поединец кој треба да слуша наредби. Се чини дека Таравари е заложник на Мицкоски“, рекол Села.Тој додал дека заминувањето на Таравари од функцијата во Алијанса за Албанците било без преседан, па затоа „неговото заминување го опиша како бегство“.„Неговото однесување укажува дека станал заложник на ВМРО. Не можам да имам партиски лидер во органот што го води без своја цел, односно да прима наредби и да ги игнорира неговите политички структури. Крајната цел на ВМРО беше да го искористи двонеделниот период меѓу претседателските и парламентарните избори и успеаја во тоа, но нивната агенда е злобна“, потенцирал Села.

Поврзани објави

Делегација од земјата ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии Microbalkans 2024 во Сараево

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската Комора на Северна Македонија, заедно со претставници од Министерството за Финансии…
Повеќе
Total
0
Share