Во соопштението од СДСМ е наведено дека изборот што им се нуди на граѓаните на претстојните претседателски избори е членство во ЕУ или враќање назад во изолација.
,,Со Пендаровски и СДСМ граѓаните до членство во ЕУ, или со Силјановска и ДПМНЕ во изолација. Понудата на ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре. Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски”, велат од СДСМ.