СДСМ и Српската странка во Македонија потпишаа договор за заеднички настап на изборите

На денешната средба помеѓу претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и основачот и претседател на Српска странка во Македонија, Мирослав Јовановиќ,според СДСМ се потврдило проширувањето на Коалицијата за Европска иднина.

,,Коалицијата за европска иднина е коалицијата која ќе го обезбеди остварувањето на втората стратешка цел, членството на Северна Македонија во ЕУ и има јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда.Коалицијата за европска иднина ја сочинуваат СДСМ, НСДП, ЛДП, Партијата за движење на Турците, Партијата на пензионери, ДОМ, ВМРО НП, Демократски сојуз на Власите во Македонија, ПОЕН, Сојуз на Ромите во Македонија, Десница, Партија за демократски просперитет на Ромите, СДА, Движеето Нова Република и од денес и Српска странка во Македонија”,велат од СДСМ.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share