САД ѝ се заблагодари на Македонија за достигнатите 2% БДП за одбраната

САД и се заблагодари на Македонија за тешките одлуки со кои постигнала да го достигне прагот од два проценти од БДП за одбраната. Американската амбасадорка во НАТО, Џулијан Смит, во интервју за МИА најави дека веројатно следната недела НАТО ќе објави нов извештај кој ќе покаже дека околу две третини од членките на Алијансата сега трошат над два проценти од БДП за одбрана, што според неа, е важно бидејќи значи дека сојузниците можат да ги исполнат своите обврски.

Шефовите на држави и влади на НАТО во 2014 година се согласија на издвојување од два проценти од националниот БДП на трошоците за одбрана, за да помогнат да се обезбеди континуирана воена подготвеност на Алијансата. Одлука беше донесена како одговор на анексија на Крим од страна на Русија и во услови на поширока нестабилност на Блискиот Исток.Смит во интервјуот информираше дека на Самитот ќе бидат промовирани и „голем број нови политики“ поврзани со сајбер безбедноста. Меѓу новите политики се очекува да биде промовирана и политката со која Членот 5 на НАТО, кој предвидува дека напад врз еден членка се смета за напад врз сите членки и ќе бидат преземи сите неопходни активности за да му помогне на нападнатиот сојузник, во иднина ќе може да се примени и за некој вид сајбер напад.

Поврзани објави

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов…
Повеќе
Total
0
Share