Соединетите Американски Држави соопштија дека се „разочарани“ по објавата дека две лица под санкции на САД се вклучени во предложениот нов српски владин кабинет.„Разочарани сме што гледаме две санкционирани лица предложени за функции во новата влада“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент за РСЕ во писмена изјава на 1 мај.Станува збор за двајцата номинирани лица – Александар Вулин, кој е предложен за вицепремиер и Ненад Поповиќ, кој беше поставен за министер без ресор.„Нашиот став за г-дин Вулин и г-дин Поповиќ е добро познат“, рече портпаролот на Стејт департментот.„Тие остануваат под санкции на САД“, истакна тој додавајќи дека Вашингтон нема никаква улога во именувањата во српската влада.
Поврзани објави
Стејт департментот бара Србија да ги изведе сторителите од Бањска пред лицето на правдата
На годишнината од вооружениот напад на косовската полиција во Бањска, американскиот Стејт департмент ја повика Србија да ги…
25.09.24 17:25
Двајца загинати и неколкумина повредени во експлозија на бомба во Цетиње
Две лица загинаа, а неколкумина се повредени утрово во Цетиње, откако недалеку од тамошниот Спортски центар била активирана…
20.06.24 09:24
Грчки медиуми: Мицкоски ќе положи заклетва со уставното име
Изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски поврзани со името, поднесениот…
19.06.24 13:13