САД ќе им испратат муниција со осиромашен ураниум на Украинците

Соединетите Држави ќе доставуваат муниција со осиромашен ураниум на Украина како дел од новиот пакет воена помош од 175 милиони долари.

Ова денеска го соопшти Пентагон.

Според соопштението на Пентагон, најавените испораки од американските воени магацини вклучуваат гранати од калибар 120 мм за тенкови Абрамс со јадро со осиромашен ураниум.

Американските власти се надеваат дека тоа ќе ги направи украинските тенкови поефикасни во борбата против руските тенкови.

„Истрелани со голема брзина, куршумите се способни да навлезат во фронталниот оклоп на руски тенк од голема далечина“, објаснува Волстрит журнал.

Украинците се уште не ги добиле овие тенкови.

Пакетот помош вклучува и муниција, противтенковски ракетни системи, навигациска и комуникациска опрема.

Поврзани објави
Total
0
Share