Русија изврши голем воздушен напад врз Украина, погодени четири термоцентрали

Русија изврши уште еден голем воздушен напад врз цели низ Украина со бомбардери Ту-95МС и Ту-92М3, тактички авиони, бродови од Каспиското Море, беспилотни летала. Целите беа главно енергетски објекти, а експлозии се регистрирани во областите Харков, Киев, Хмелницки, Виниција, Ивано-Франковск, Житомир, Дњепропетровск, Тернопил, Черновци, Лавов.

Министерот за енергетика Герман Галушченко потврди напади врз индустриски капацитети во три региони на земјата, додека енергетскиот холдинг ДТЕК објави дека биле погодени четири термоцентрали.– Опремата на четири термоцентрали на украинскиот енергетски холдинг ДТЕК е сериозно оштетена при нападот – објави компанијатa.

Некои воени блогери наведуваат дека термоелектраната Бурштинска во Ивано-Франковската област и термоелектраната Криви Рог биле погодени од неколку хиперсонични „ками“.Украина одговори со масовен напад со дрон врз Краснодар и Крим.Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во текот на ноќта биле соборени 68 украински беспилотни летала.– Спречени се обидите на режимот во Киев да изврши терористички напади со помош на дронови врз цели на територијата на Руската Федерација. Војниците кои биле на должност над територијата на Краснодарската област пресретнале 66 украински беспилотни летала, додека уште два биле уништени над полуостровот Крим – се наведува во соопштението.Цел на беспилотните летала камикази биле рафинериите Славјанск-ЕКО и Илски и фабриката за битумен.Телеграмскиот канал SHOT наведува дека околу 4 часот одекнале експлозии во предградието Славјанск во Кубан. Снимките покажуваат пожар во еден од капацитетите на рафинеријата, додека официјални лица наведуваат дека складиштето за нафта не е оштетено.

Поврзани објави
Total
0
Share