Романија ја забележа најголемата победа на големите турнири

Репрезентацијата на Романија ја победи Украина со 3-0 во првата средба од денешната програма на 17. Европско првенство.Ова за Романците беше најголема нивна победа на голем фудбалски турнир (ЕП/СП), победа која донесе уште еден рекорд затоа што до истата дојдоа со посед од само 29 проценти што е најмалку за еден победнички тим на европските првенства од 1980 година.

Се започна со мајсторијата на Станчу во 29 минута кој го постигна најдобриот погодок на досегашниот дел од турнирот.

Со овој резултат се замина на пауза за да од 53 до 57 минута видиме нова експлозија на жолтите кои преку Марин и Драгуш дојдоа до 3-0.Тука стана јасно каде ќе завршат бодовите со тоа што во финишот Украинците се обидуваа да дојдат до почесен гол, ама и покрај нивните обиди не се затресе мрежата на „домаќините“.

Поврзани објави
Total
0
Share