Македонските политички партии во координација со коалицијата „Вреди“ сакаат преку ДИК да ѝ одземат еден до два пратенички мандата на коалицијата „Европскиот фронт“, обвинија денеска на прес-конференција од оваа коалиција предводена од ДУИ.Според Скендер Реџепи, лидер на партијата „Народно движење“, станува збор за кривично дело за кое „Европскиот фронт“ ќе ги преземе сите мерки.
,,Жалиме што ВЛЕН е дел од таквата коалиција. Причината е дека македонските политичари не можат да се согласат дека „Европскиот фронт“ е втора политичка сила во земјава, добиена од гласовите од сите општини со албанско мнозинство. Ќе ги преземеме сите демократски средства за да се оневозможи ваква злоупотреба, рече Скендер Реџепи-Зејд “во изјава за медиумите.